Search

Трамп потпиша уредби за помош на Американците кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни декрети кои обезбедуваат економска помош на милиони Американци кои ги загубија своите работни места по избувнувањето на пандемијата Ковид 19.

На прес-конференцијата  Трамп објави дека, благодарение на декретите, ќе продолжат плаќањата на федерална помош на невработените.

– Помошта беше 600 долари неделно и сега ќе изнесува 400 долари. Државите ќе покриваат 25 проценти од трошоците, а федералната влада преостанатите 75 проценти, рече Трамп.

Прописите исто така овозможуваат прекин на плаќањата за данок на доход за Американците кои заработуваат помалку од 100.000 американски долари годишно. Продолжено е одложувањето на наплатата на студентски заеми, како и мораториумот за иселување на станарите кои не можат да плаќаат наемнина.

Претседателот ги обвини демократите во Конгрес дека вклучуваат елементи кои не се поврзани со пандемијата во законот за економска помош.

Треба да знаете
Последни објави