Search

Трамп поради коронавирусот размислува за затворање на границата со Мексико

Соединетите Американски Држави размислуваат да ја затворат јужната граница со Мексико за да го контролираат ширењето на коронавирусот, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Мексиканската влада објави дека регистрирала три случаи на инфекција со коронавирус кај тројца мажи кои неодамна ја посетиле Италија. На прашањето на репортер во Белата куќа дали размислува да ја затвори границата со Мексико, Трамп рече дека постои можност, но дека се надева дека до тоа нема да дојде.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, изјави дека администрацијата ќе им забрани влез на лицата кои не се американски државјани, а кои во последниве 14 дена го посетиле Иран или патувале во други земји.

Пенс рече дека Стејт департментот го подигнал на ниво 4 предупредувањето да не се патува во регионот на Јужна Кореја и Италија, кои се погодени со епидемија. Тој нагласи дека Стејт департментот ќе соработува со Италија и со Јужна Кореја во однос на медицински преглед на сите лица кои сакаат да ги посетат САД.

Треба да знаете
Последни објави