Search

Трамп: Полесно е со Кина, Русија и Северна Кореја отколку со демократите

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е потешко да се соработува со Демократската партија отколку со Кина, со Русија и со Северна Кореја.

Трамп при посета на Висконсин, во рамките на предизборната кампања, изјави дека опозициската партија е понеразумна од која било од наведените држави.

Тој раскажа дека негов пријател неодамна го прашал со која земја е најтешко да се соработува, а Трамп одговорил дека нацијата со која е најтешко да се соработува се демократите во САД.

– Со демократите во САД е многу тешко да се соработува отколку со кој било од лидерите на овие земји. Тие се далеку понеразумни, а всушност се и малку луди, истакна Трамп.

Треба да знаете
Последни објави