Search

Трамп покажа дека Дориан може да удри во Алабама

Американскиот претседате Доналд Трамп синоќа во својот кабинет во Белата куќа извади метереолошка карта која покажува дека Дориан може да удри во Алабама, иако ураганот веќе го смени правецот и според прогнозата деновиве се движи покрај крајбрежјата на Јужна и Северна Каролина.

Претседателот покажа изменета карта од Националната администрација за океани и атмосфера со доцртан црн полукруг кој ја покрива Алабама. А претходно, во неделата тој твитна порака со неточна прогноза дека покрај двете Каролини и Џорџија, „Најверојатно и Алабама ќе се најде на посилен удар од очекуваното”.

За да потврди дека бил во право тој синоќа покажа карта што не е соодветна на реалноста – ураганот не продолжи над полуостровот Флорида или Џорџија, и сега е многу поисточно од Алабама.

Националниот временски сервис во неделата веднаш порекна дека Алабама ќе биде на удар од Дориан. Во понеделникот Трамп повторно се држеше на тој модел „дека соодветно на некои сценарија Алабама можеше да биде „повредена”.

Брајан Мекнолди, специјалист за урагани, истакна дека Трамп „нема поим што зборува и какво сценарио е покажано на картата”.

-Ризикот за Алабама тогаш (во неделата) беше уште помал отколку претходно, изјави тој.

Демократите го искритикуваа потегот на Трамп со прикажување погрешна карта на патеката на ураганот како себепромоција и ширење лажни вести. Тие потсетија дека распространување неточни информации за локацијата на временски непогоди е казниво со закон.

Претседателскиот кандидат Пит Бутиџич, изјави дека ова ја покажува „тажната вистина за нашиот претседатал кој не се фокусира на жртвите и штетите како последица на глобалното затоплување и променатата клима”.

Во меѓувреме, ураганот денеска удри со бури од трета категорија покрај брегот на Јужна Каролина, од каде што голем дел од населението е веќе евакуиран и се очекуваат поплави.

Ураганот во моментов се наоѓа на околу 100 километри југоисточно од Чарлстон, бурата во крајбрежните зони е се брзина од над 180 километри на час, при што околу 174 илјади домови и компании од Флорида, Џорџија и Јужна Каролина деновиве останаа без електрична енергија.

На Бахамите, чии северозападни острови се целосно разрушени, се откриваат уште жртви од деструкцијата што зад себе ја остави Дориан – во моментов потврдена е смртта на 20 лица.

Треба да знаете
Последни објави