Search

Трамп органиизраше ручек за лидерите на земјите кои издвојуваат два отсто за одбраната

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска организираше ручек за лидерите на земјите членки на НАТО кои издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната.

Ручекот за таканаречените „два отсто”, као што Трамп ги нарече, беше приреден за девет од 29 лидери на земјите членки на НАТО, пренесоа американските медиуми.

-Ручекот е на моја сметка, рече Трамп пред лидерите на Велика Британија, Бугарија, Естонија, Грција, Летонија, Полска, Литванија и Романија.

Агенциите наведуваат дека со овој потег Трамп сакал да ги казни другите членки на Алијансата кои не одвојуваат толку за одбраната.

Трамп, инаку, претходно денеска ги откажа сите прес конференции бидејќи порано се врати во Вашингтон.

Треба да знаете
Последни објави