Search

Трамп: Одлуката на Макрон ја потврдува исправнста на повлекувањето на САД од Парискиот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја одлуката на претседателот на Франција, Емануел Макрон да го пролонгира зголемувањето на цената на горивата по протестите, ја оправдува неговата мерка да се повлече од Договорот за климатските промени од Париз.

Мило ми е што мојот пријател Емануел Макрон и денонстрантите во Париз се согласија со мојот заклучок од пред две години, напиша Трамп на Твитер.

Трамп оцени дека Макрон дошол до ист заклучок како и американскиот претседател односно дека Договорот од Париз од 2015 година е „фатално фаличен бидејќи ја зголемува цената на горивата во одговорните држави, додека ги штити некои од најголемите загадувачи на светот”.

Тој додаде дека сака чиста вода и воздух, но оти американските даночни обврзници не треба да плаќаат за чистење на загадувањето од другите земји

Треба да знаете
Последни објави