Search

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер Борис Џонсон, кој е заразен со коронавирус и синоќа беше примен во одделение за интензивна нега.

„Сите Американци се молат за негово закрепнување. Тој е навистина добар пријател. Тој е навистина нешто многу специјално, силно, одлучно, тој не се откажува”, рече Трамп синоќа на брифингот за новинари во Белата куќа.

Додаде дека побарал од две водечки компании да контактираат со службените лица во Лондон и да се распрашаат за терапии, кои би можеле да бидат корисни, пренесува АП.

„Кога ќе ве стават на интензивна нега, тоа станува многу, многу сериозно со оваа конкретна болест“, истакна Трамп.

Брзо опоравување на Џонсон му посака и Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебрејесус.

„Мислам на мојот пријател Борис Џнсон вечерва и лично и во име на СЗО му испраќам најубави желби во неговата борба против коронавирусот“, напиша Тедрос на „Твитер“

Треба да знаете
Последни објави