Search

Трамп: Не сум обожавател на Меган, а на Хари му посакувам среќа затоа што ќе му треба

Американскиот претседател Доналд Трамп (74) им се налути на Меган Маркл (39) и нејзиниот сопруг принцот Хари (36) бидејќи за претседателските избори го поддржаа ривалот на Трамп, Џо Бајден (77)

„Не сум обожавател на Меган Маркл и ќе го кажам ова, иако таа веројатно го слушнала тоа порано, му посакувам многу среќа на Хари затоа што навистина ќе му треба“, рече Доналд Трамп, пишува„Пипл“.

Двојката гостуваше во специјалното шоу „Тајм 100“ на телевизијата Еј-би-си. Потоа Хари ги советуваше потенцијалните гласачи да го отфрлат говорот на омраза, дезинформациите и негативноста на интернет.

„Она што го консумираме, на што сме директно изложени и што правиме преку интернет, има вистинско влијание врз сите нас“, рече Хари.

Изборите се за шест недели, а Меган даде свое мислење за тоа.

„На секои четири години ни велат дека тоа се најважните избори на сите времиња. Но, ова е реално. Кога гласаме, нашите вредности се преточуваат во акција и се слушаат нашите гласови“, рече Меган

Американските медиуми ја контактираа Бакингамската палата за коментар за нивното гостување во емисијата.

„Немаме коментар. Принцот веќе не е работен член на кралското семејство и сите коментари што ги дава се лични“, велат од палатата.

Треба да знаете
Последни објави