Search

Трамп незадоволен откако затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и Пенсилванија за ослободување на некои затвореници заради пандемијата на коронавирус, пренесува АП.

Како причина за ослободувањето беше наведен недостигот на медицински средства во затворите.

„Тоа не ни се допаѓа. Треба да видиме дали имаме право тоа во некои случаи да го спречиме“, рече Трамп.

Треба да знаете
Последни објави