Search

Трамп: На некој лудак од Кина мора да му се објасни дека се одговорни за масовна смрт низ цел свет

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја нападна Кина, обвинувајќи ја за масовно убиство ширум светот.

Трамп го упати својот твит до неименуван „лудак од Кина“, што е најнов случај во низата од говор на омраза кој Белата куќа го упатува до официјален Пекинг, а кој Трамп го користи и во својата предизборна кампања.

„Сето ова оди на сметка на неспособноста на Кина, која направи масовно убиство низ целиот свет“, напиша Трамп.

Коронавирусот за првпат беше забележан во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, по што се прошири низ целиот свет, а според најновите податоци, одзел 326.000 човечки животи и предизвика големи економски штети.

На почетокот, Трамп не ја сфати сериозно епидемијата, а подоцна се сврте кон тврдењата дека Кина овозможила меѓународно ширење на вирусот.

Белата куќа изнесе и тврдења дека вирусот е создаден во лабораторија, но досега не понуди цврсти докази за тоа.

Трамп претходно упати и закани за одмазда кон неговиот најголем економски ривал, Кина.

Треба да знаете
Последни објави