Search

Трамп најде замена за шефот на Пентагон – Еспер наместо Шенахан

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека вршителот на должност министер за обрана на САД Патрик Шенахан ја повлекол кандидатурата за прв човек на американската армија.

Трамп наведе дека Шенахан сакал повеќе време да поминува со своето семејство.

Американскиот претседател информира дека државниот секретар задолжен за армијата, Марк Еспер, ќе биде именуван за нов вршител на должност министер за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави