Search

Трамп најави изборна победа во Мичиген

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на митинг во Мичиген кажа дека ќе победи во оваа сојузна држава, додека илјадници приврзаници му аплаудираа, а само неколкумина од нив се придржуваа на мерките против коронавирусот.

-Вака не изгледа собир на човек кој ќе биде второ место, им рече Трамп на мажите, жените и децата, од кои многумина носеа црвени маици и капи со зборовите „Да ја направиме  Америка повторно голема”. Тој им се обрати пред авионот на претседатело во военовоздухопловната база Мидленд, во Мичиген.

Водачите на кампањата на Трамп изјавија дека до 3 ноември ќе минат „многу време” во Мичиген, индустриска држава, која заедно со Висконсин и Пенсилванија, му помогнаа на Трамп да победи на изборите во 2016 година.

Демократскиот кандидат Џо Бајден води пред републиканецот Трамп со 12 процентни поени, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос. Но, водството на Бајден е малку послабо во Мичиген со околу 4,2 процентни поени.

Бајден во средата го посети Мичиген и го прозва Трамп за неговите разговори со репортерот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, во кој тој кажа дека намерно ја минимизирал заканата од коронавирус за да избегне паника во јавноста.

Трамп на митингот ја критикуваше гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер, за воведените ограничувања за коронавирусот. Тој рече дека таа нема „поим”  како да ја рестартира државната економија за што доби бурни овации од публиката.

Витмер претходно вчера изјави дека е загрижена за планираниот митинг и дека внимателно ќе ја следи стапката на инфекција во регионот.

Треба да знаете
Последни објави