Search

Трамп му испрати писмо на Ким Џонг-ун во кое му нуди соработка за борба против коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп им понуди соработка на севернокорејските власти во борбата против глобалната пандемија на „Ковид-19“.

Осврнувајќи се на текстот на севернокорејската новинска агенција КЦНА, јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави дека Трамп му испратил писмо на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Истакнувајќи дека САД сакаат добри односи со Северна Кореја, Трамп во писмото му понудил на Ким Џонг-ун и соработка за борба против ширењето на коронавирусот.

Истиот извор известува дека официјален Пјонгјанг го поздравил гестот на Трамп.

Аналитичарите велат дека писмото на Трамп до Ким Џонг-ун е добар знак, но рано е да се процени колку е важен тој чекор за идните односи меѓу двете земји.

Досега Белата куќа не го коментираше случајот.

Властите на Северна Кореја велат дека нема потврдени случаи на инфекција со коронавирус во земјата.

Треба да знаете
Последни објави