Search

Трамп: Мојата посета на Лондон беше најинтересен настан за кралицата во последниве 25 години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата неодамнешна посета на Лондон претставувала најинтересен настан за британската кралица Елизабета Втора во изминативе 25 години, објави лондонскиот весник „Мирор”.

– Имаме одличен однос, се смеевме и се забавуваме. Нејзините луѓе велат дека не се забавувала толку во изминативе 25 години. Тогаш ме критикуваа затоа што рекоа дека премногу се забавуваме, изјави Трамп во гостување во емисијата „Фокс и пријателите” на телевизијата Фокс.

„Мирор” посочува дека во изминативе 25 години кралицата Елизабета одбележа златен и дијамантски јубилеј, ги прослави свадбите на своите внуци и раѓањата на правнуците, посети многу држави и се сретна со голем број лидери, но, како што нагласува, според Трамп, таа никогаш не се забавувала како за време на неговата посета.

Треба да знаете
Последни објави