Search

Трамп: Куомо виновен за грабежите во Њујорк

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо на Твитер по синоќешните протести во Њујорк за време на кои демонстрантите уништија имот и ограбуваа продавници.

– Њујорк е изгубен поради разбојници, бандити, радикалната левица и сите други форми на џган и ѓубриња”, напиша Трамп на својот профил на Твитер, додавајќи дека гувернерот на Њујорк одбил да ја прифати неговата понуда за распоредување на членовите на Националната гарда.

– Градот Њујорк е искинат на парчиња, истакна Трамп во твитот, јави Си Ен Ен.

Гувернерот на Њујорк Ендру Куомо и градоначалникот Бил де Балзио воведоа полициски час вчера од 11:00 часот до 5:00 часот и денеска од 20:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави