Search

Трамп: Коронавирусот во САД е под контрола

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во посета на Индија, синоќа изјави дека новиот коронавирус во САД е под контрола.

– Коронавирусот во САД е под голема контрола. Во контакт сме со сите и со сите релевантни земји. Центарот за контрола и превенција од болести и СЗО работеа напорно и посветено, напиша Трамп на Твитер.

Тој наведе и дека „берзата сега изгледа добро”.

Белата куќа вчера побара од Конгресот да одобри 2,5 милијарди долари за борба против новиот коронавирус. Од тие средства над една милијарда долари се предвидени за развој на вакцина.

Треба да знаете
Последни објави