Search

Трамп: Кина многу сака трговски договор со САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека Кина посакува трговски договор со САД, но тој не е посебно заинтересиран за него, освен ако не станува збор за многу добар договор.

Тој пред новинарите во Белата куќа истакна дека очекува средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на Самитот Г-20 во Јапонија, кој ќе се одржи овој месец, но Пекинг прво треба да ги смени претходните одлуки, со кои ги отфрли некои поранешни договорени чекори во врска со трговската соработка меѓу двете држави.

Трамп претходно нагласи дека новите тарифи на увозот од Кина ќе стапат во сила веднаш доколку кинескиот претседател не дојде на Самитот Г-20. Американскиот претседател, исто така, истакна и дека дополнителните тарифи на кинеска стока се подготвени да стапат во сила по одржувањето на Самитот Г-20 доколку не биде постигнат трговски договор со Кина.

Треба да знаете
Последни објави