Search

Трамп и Меркел разговараа за Либија и Западна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел денеска накратко разговараа за ситуацијата во Либија и Западна Африка, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

– Претседателот Трамп и канцеларката Меркел се повлекоа од останатите и имаа куса средба од околу 10 минут”, рече Сандерс, додавајќи дека се договориле подетално да разговараат на Самитот на Г20, кој ќе се одржи во Јапонија подоцна месецов.

Трамп и Меркел присуствуваа на прославата на 75-годишнината од Денот Д во Портсмут, а американскиот претседател по завршувањето на тридневната посета на Велика Британија, отпатува за Ирска.

Треба да знаете
Последни објави