Search

Трамп и Абе разговараа за нападот во Оманскиот залив

Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Шинзо Абе телефонски разговараа за нападите на два нафтени танкери во Оманскиот залив, што се случија изминатата недела.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги осуди нападите и повика на утврдување на вистината за настаните.
Трамп му се заблагодари на Абе за неговиот обид да ги олесни разговорите со Иран, пренесе Ројтерс.

Тие двајца разговараа и за преговорите за трговија меѓу двете земји и за претстојното патување на Трамп на самитот на Г20.

Гутереш изјави денекса дека е потребно да утврди вистината за нападите, додавајќи дека меѓународното тело го осудило нападот.

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абудл-Геит, го повикал Иран да го промени курсот откако САД ја обвинија таа земја за напдот.

Треба да знаете
Последни објави