Search

Трамп за релаксација на вонредните мерки, експертите против

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги известил гувернерите на сојузните држави дека во подготовка се нови, помалку рестриктивни мерки на социјално дистанцирање засновани врз географски фактори на ризик.

Сепак, експерти предупредуваат дека е рано да им се дозволи на Американците да се соберат во поголеми групи или да се вратат во сопствените работни места како да се намалува епидемијата на коронавирусот.

Во писмото до американските гувернери, Трамп најави масовн тестирање со кои ќе се идентификуваат субјекти со висок, среден и низок ризик и со тоа ќе се утврдат различни нивоа на социјално дистанцирање.

Според Си-Ен-Ен, извори на Белата куќа велат дека писмото на Трамп не го виделе сите членови на Кризниот штаб пред да биде објавени во јавноста, посочувајќи дека се уште се разработуваат нови мерки.

Треба да знаете
Последни објави