Search

Трамп за Меган Маркл: Таа го искористи принцот Хари

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека Меган Маркл, војвотката од Сасекс не ја почитува кралицата Елизабета Втора и манипулира со принцот Хари, уништувајќи ги неговите односи со семејството.

Во интервјуто што го даде за GB News, Трамп зборувал за неговиот наследник Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон, а најголемо внимание привлече делот во кој зборувал за кралското семејство. Трамп рече дека никогаш не бил голем обожавател на Меган Маркл, а откако војвотката од Сасекс го коментирала негативно пред две години, отишол далеку, велејќи дека е грда.

-Не сум нејзин обожавател. Не ја сакав од првиот ден. Мислам дека ужасно го користеше Хари и мислам дека еден ден ќе зажали за сето тоа. Мислам дека Хари беше лошо искористен и тоа го уништи неговиот однос со семејството, што особено ја повредува кралицата, рече поранешниот американски претседател.

-Мислам дека таа ни малку не ја почитува кралицата, која е неверојатна жена и прекрасна личност, личност со долга историја, додаде тој.

Трамп исто така не го одобрува политичкиот ангажман на војвотката од Сасекс која се мешаше во американската политика со темата за породилно отсуство.

-Таа се обидува да прави работи што мислам дека се многу несоодветни, рече Трамп, нагласувајќи дека има голема почит кон кралското семејство бидејќи неговата мајка е од Шкотска.

Ова не е прв пат Трамп да се судри со Меган и Хари. Претходно оваа година тој изјави дека ќе оди на американските избори во 2024 година доколку Меган се кандидира.

-Се надевам дека тоа ќе се случи, бидејќи ако тоа се случи, тогаш би имал уште поголем мотив да се натпреварувам. Јас не сум нејзин обожавател, изјави поранешниот претседател.

Треба да знаете
Последни објави