Search

Трамп за колумнистката која го обвини дека ја силувал: Не е мој тип

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли обвинувањата за сексуална злоупотреба врз колумнистка во 1990-те години, истакнувајќи дека таа не е негов тип.
Тој рекол дека Е.Џин Керол лаже за наводниот напад во Њујорк.

„Го кажувам ова со голема почит. Прво таа не е мој тип. Второ, никогаш не се случило. Никогаш не се случило, ок?“ изјавил Трамп.

Колумнистката Керол (75) ги изнесе обвинувањата за њујоркшки весник минатиот петок. Таа рекла дека ќе размисли за поднесување обвинение против Трамп. Керол е 16 жена што го обвини Трамп за сексуален напад. Трамп ги негира сите обвинувања против него.

Треба да знаете
Последни објави