Search

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер за наводно руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година. Со иста реакција излезе и Белата куќа која соопшти дека извештајот на Милер е „целосно ослободување“ на Трамп.

Секретарот за печат на Белата куќа соопшти дека Милер не нашол никакви докази за соработка на луѓето од кампањата на Трамп со Русите, ниту дека Трамп за време на истрагата ја опструирал правдата.

Трамп изјави дека дури и нелегалната истрага која ја водел специјалниот обвинител Роберт Милер покажала дека нема сомнежи за соработка меѓу тимот на Трамп и „Русите“ во кампањата за избор на претседател во 2016 година.  „Ова беше нелегален обид за да се наштети на претседателот и овој обид пропадна. Срамно е што Америка мораше да помине низ ова. Се надевам дека ќе има нова истрага и кон другата страна, истрага која ќе покаже зошто ова се случуваше“, рече Трамп.

По двегодишната истрага, специјалниот обвинител Роберт Милер во писмо кон Конгресот соопшти дека ниту Трамп ниту неговите соработници соработувале со Русија.

Треба да знаете
Последни објави