Search

Трамп за големиот број на случаи на коронавирус: Toa за мене е медал на честa

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одржа уште една прес-конференција на која тој изненади со коментирање за вкупниот број случаи во земјата.

Соединетите Држави се веројатно први во светот во однос на бројот на заболени, со заразени повеќе од 1,5 милион луѓе, а повеќе од 93.000 луѓе починале.

„Кога велите дека сме први во случаи, тоа само значи дека тестираме повеќе од сите други. Плус, ние сме многу поголема земја од повеќето други, така што големиот број на случаи е добра работа затоа што тоа значи дека добро тестираме. Јас го гледам тоа како медал на честa. Тоа оди во чест на работата што ја вршат нашите професионалци“, рече Трамп.

Бројот на случаи во светот денес треба да ја надмине бројката од 5 милиони, а од новиот коронавирус починаа речиси 325 илјади луѓе. Добрата вест е дека светот наскоро ќе ја помине бројката од два милиони оздравени.

Треба да знаете
Последни објави