Search

Трамп е подготвен за нова средба со Ким Џонг-ун

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вели дека е подготвен за нова средба со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

Трамп одговори на изјавата на лидерот на Северна Кореја, кој во своето новогодишно обраќање изрази подготвеност во секој момент да се сретне со американскиот претседател со цел да дојде до резултати кои ќе ги поддржи меѓународната заедница.

„И јас сум спремен за состанок со претседателот Ким кој е свесен дека Северна Кореја има огромен економски потенцијал“, напиша Трамп на „Твитер“.

Историската средба на двајцата лидери се одржа на 12 јуни лани во Сингапур.

Треба да знаете
Последни објави