Search

Трамп е подготвен блокадата на Владата да трае со години

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен делумната блокада на американската Влада, која почна на 22 декември, да трае со години.

После состанокот со највисоките функционери на Демократската партија, Трамп рече дека би можел да прогласи вонредна состојба за да го заобиколи мислењето на Конгресот и да изгради ѕид на границата со Мексико.

Тој наведе дека нема да потпише никаков предлог закон додека не се одобрат средства за финансирање на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико, на што демократите остро се противат.

Треба да знаете
Последни објави