Search

Трамп демантира дека користел двојничка на Меланија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, беше принуден да ги демантираа шпекулациите кои се јавија во американската јавност, дека тој користи двојничка на неговата сопруга Меланија, поточно дека токму со двојничката бил во посета на Алабама. Ваквите сомнежи најпрво се проширија меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Трамп тврди дека фотографиите на неговата сопруга биле изменети со цел да изгледа дека со него минатата недела била двојничка на првата дама. Претседателската посета на Алабама беше со цел Трамп да направи увид на штетата која ја предизвика торнадото во оваа сојузна американска држава.

Омилената телевизиска емисија на Трамп, „Фокс и пријателите“, денес известуваше за таканаречената „теорија на двојничката“.

Трамп исто така наведе дека тоа е лажна вест, односно дека фотографијата била компјутерски обработена и додаде дека креаторите на лажни вести се се повеќе пореметени.

На телевизиско шоу на каналот Еј-би-си коментаторите забележале дека жената на фотографиите од Алабама била пониска од претседателот.

Инаку, првата дама на ова патување наместо високи потпетици носела патики, објави агенцијата АП.

Треба да знаете
Последни објави