Search

Трамп го прими Закерберг, во Конгресот остри спрема „Фејсбук“

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, откако членовите на американскиот Конгрес остро го испитуваа за неуспесите на социјалната мрежа во заштитата на приватноста на потрошувачите.

Трамп, кој постојано го критикуваше „Фејсбук“, обвинувајќи го дека е пристрасен во корист на демократите, на „Твитер“ објави фотографија со Закерберг и напиша дека станува збор за „убава средба“ во Овалната просторија.

„Фејсбук“ соопшти дека еден од шефовите на компанијата имал „добра, конструктивна средба со претседателот Трамп во Белата куќа“.

Ниту една страна не даде детали за разговорот, пренесува „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави