Search

Трамп го појасни својот коментар за компромис со странски влади

 Претседателот на САД Доналд Трамп го искористи „Твитер”, за да ја појасни својата изјава дека е подготвен да добие компромитирачки информации за свој политички противник од странска држава. Трамп соопшти дека секојдневно се среќава и разговара со „странски влади”. Тој смета дека ако го информира ФБИ за сè што се случува на тие состаноци, никогаш нема да ја врати довербата на ниту еден лидер.

-Се сретнувам и разговарам со „странски влади” секој ден. Се сретнав со кралицата на Англија (Велика Британија), со принцот од Велс, со премиерот на Велика Британија, со премиерот на Ирска, со претседателот на Франција и со претседателот на Полска. Ние разговаравме за сè, напиша Трамп на „Твитер”.

-Треба ли веднаш да го побарам ФБИ за овие повици и средби? Колку смешно. Никогаш повеќе нема да ми веруваат, напиша тој и ги нападна лажните медиуми дека не му ги пренесуваат изјавите коректно.

Претходно во интервју за Еј-Би-Си, Трамп изјави дека нема да се обрати на ФБИ, ако странска држава му предложи компромитирачки информации за политички ривал и ја отфрли идејата дека тоа се граничи со изборна интервенција. Коментарите на американскиот лидер беа критикувани од демократите и поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан.

Треба да знаете
Последни објави