Search

Трамп го повика Сенатот да не усвојува резолуција за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Сенатот на американскиот Конгрес да не усвојува резолуција со која би се ограничила неговата способност да војува со Иран.

Тој на Твитер напиша дека со усвојување на резолуција ќе биде испратен „многу лош сигнал“ и дека со тоа ќе му се овозможи на Техеран да делува без казна за своите постапки.

„Многу е значајно за безбедноста на нашите држави, САД да не гласаат за резолуција за воени овластувања во врска со Иран. Добро ни оди со Иран и не е време да покажеме слабост“ порача Трамп.

Демократите минатиот месец соопштија дека имаат доволно гласови во Сенатот за да се одобрат мерки за ограничување, според кои американскиот претседател ќе мора да бара одобрение од Конгресот за воена акција против Иран.

Треба да знаете
Последни објави