Search

Трамп го зголемува буџетот за војската кога се најавува штедење во сите други сектори

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поддржа планот според кој од Конгресот треба да се побараат 750 милијарди долари за војниот буџет за следната година, изјави американски официјален претставник, кој со тоа го најави зголемувањето на трошоците на Пентагон во време на најавени штедења во другите владини сектори.

Износот од 750 милијарди долари е за 17 милијарди поголем од буџетот кој првично се очекуваше Пентагон да го побара за фискалната 2020 година и значајно повисок од 700-те милијарди долари што ги најави Трамп во октомври, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Американскиот официјален претставник кој инсистирал да остане анонимен рекол дека во изминатите денови Трамп разговарал со секретарот за одбрана, Џим Матис, токму во врска со буџетот и дека во текот на разговорите било јасно оти Трамп сака да го забрза напредокот што неговата администрација го прави за обнова на армијата.

Треба да знаете
Последни објави