Search

Трамп ги пофали републиканците кои гласаа против резолуцијата за расизмот

Американскиот претседател Доналд Трамп е задоволен што членовите на Републиканската партија во Претставничкиот дом речиси едногласно се искажаа против резолуцијата за расизмот поднесена од демократите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Трамп своето задоволство го искажа во денешно соопштение на Твитер. Од вкупно 191 републкански членови на Претставничкиот дом присутни на гласањето, 187 гласаа против резолуцијата.

Претходно, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои резолуција со која се осудуваат расистичките коментари на претседателот за четири демократски членки на Конгресот од малцинските заедници.

Квалификациите кон Александра Оказио Кортез, Илхар Омар и уште две конгресменки, дојдоа по нивните зачестени критики за лошите услови во кои се држат бегалците на границата со Мексико и други проблеми со кои се соочува Администрацијата на Трамп.

Претседателот преходно порача дека тие треба да ги напуштат САД „ако не се задоволни” од тоа како стојат работите во земјата.

Треба да знаете
Последни објави