Search

Трамп ги обвини демократите за смртта на двете деца на границата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите дека се одговорни за смртта на двете деца имигранти на границата.

„Смртта на двете деца на границата е строго вина на демократите и нивната патетична имиграциска политика која им овозможува на луѓето да тргнат на долг пат мислејќи дека можат да влезат во нашата земја илегално. Не можат. Да имавме ѕид немаше ни да се обидат“ напиша Трамп на Твитер.

Пред три дена осумгодишно дете од Гватемала почина во имиграциски центар за притвор на американската влада. Претходно почина и девојче од истата земја.

Треба да знаете
Последни објави