Search

Трамп: Воспоставувањето директни летови меѓу Србија и Косово е уште една победа на разумот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека потпишувањето писмо со намери меѓу Косово и Србија за воспоставување директен лет помеѓу Белград и Приштина е уште една победа.

„Сите рекоа дека тоа не може да се оствари. Сепак, за прв пат во последните дваесет и пет години ќе се воспостават директни летови меѓу Србија и Косово. Уште една победа на разумот, благодарение на амбасадорите Роберт О’Брајан и Ричард Гренел“, напиша Трамп на Твитер.

Српските и косовските претставници во понеделникот потпишаа писмо со намери со германската компанија Луфтханза за воспоставување авиолинија меѓу Белград и Приштина.

Треба да знаете
Последни објави