Search

Трамп: Вето за преименување на воените бази во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе стави вето на предлог-законот за одбрана за да им овозможи на воените бази, како што е Форт Браг, да останат именувани по офицерите на Конфедерацијата.

Трамп се закани на Твитер дека ќе стави вето на годишниот предлог закон Пентагон во вредност од 741 милијарди долари, затоа што тоа би значело дека многу воени бази, кои се именувани по истакнати личности на Конфедерацијата, ќе бидат преименувани во рок од три години.

Сенатската Комисија за оружени служби минатиот месец ја одобри мерката од сенаторот Масачусетс, демократката Елизабет Ворен, за преименување на базите во рок од три години.

Треба да знаете
Последни објави