Search

Трамп: Без мене Хонг Конг ќе беше смачкан за 14 минути

 Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ја уверуваше американската јавност дека кинеската армија не се замешала во задушување на продемократските протести во Хонг Конг само затоа што тој тоа го побарал од својот кинески колега Си Џингпин, пренесоа светските агенции.

-Без мене Хонг Конг ќе беше смачкан за 14 минути. Тој (Си Џингпин) има еден милион војници на позиции околу Хонг Конг и тие не отидоа во градот само затоа што јас тоа го побарав од него, рече Трамп во телефонско интервју за програмата „Foks and friends” на телевизијата Фокс њуз.

Американскиот претседател, исто така, во разговорот кажа  дека Вашингтон и Пекинг продолжуваат да преговараат за договорот со кој ќе се стави крај на трговската војна меѓу двете земји, што Трамп ја почна против Кина.
-Ќе направите сериозна грешка. Тоа ќе има страшно негативен ефект врз трговскиот  договор, му кажал Трамп на Си, доколку дал одобрение кинеската армија да интервенира во Хонг Конг против демонстрантите
„Ние треба да го поддржиме Хонг Конг, но јас, исто така го оддржувам и претседателот Си”, додаде Трамп во денешното интервју за Фокс њуз.
Треба да знаете
Последни објави