Search

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал.

Трамп на Твитер напиша во порака до лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун дека демократскиот кандидат за претстојните претседателски избори е можеби поспан и многу бавен, но не и бесно куче и е нешто подобар од тоа.

Трамп му порача на Ким дека тој е единствениот кој „може да го доведе таму каде што треба да биде“ и го повика да дејствува брзо и да дојде до договор. Твитот завршува со зборовите „Се гледаме наскоро“.

Севернокорејската агенција КЦНА во петокот упати лични навреди на сметка на поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден. КЦНА го нарече Бајден „бесно куче“ кое треба „со стап да се претепа до смрт“.Агенцијата не наведе како Бајден го навредил севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, иако еден од учесниците во трката за демократски кандидат за претседател ја критикуваше политиката на Доналд Трамп кон Северна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави