Search

Трамп: Америка верува во искупување

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање на Молитвениот појадок во Вашингтон нагласи дека „Америка денес е земја која верува во искупување”.

Трамп се заблагодари на верските лидери за поддршката на „реформата на криминалниот систем”, што, како што рече, ја спроведува неговата Администрација.

– Американскиот народ верува во искупување, истакна Трамп.

Тој додаде дека секогаш ќе ги штити верниците и дека „нема да ги изневери”.

Доналд Трамп е 12-от претседател на САД кој го организра Молитвениот појадок, почнувајќи од Двајт Азенхауер.

Тоа е традиционален настан што се организира секоја година и на него присуствуваат членови на претседателскиот Кабинет и Конгресот, како и многубројни гости од странство.

Молитвениот појадок се одржува првиот четврток од февруари секоја година во Вашингтон, а вообичаено присуствуваат околу 3.500 гости.

Треба да знаете
Последни објави