Search

Тракторист настрада во судир со „волво“

На 17.08.2019 во 20,45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица- Ново Село, на место викано „Сушичко стопанство“, се судриле автомобил „Волво“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.К.(56) од село Ново Коњарево, и трактор „ИМТ 533“, управуван од С.Т.(54) од село Сушица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави