Search

Традиционална забава на „Грин гето“

Утре (сабота, 6.7.2019 година) со почеток од 20:00 часот во паркчето кај градинката „Срничка“ аеродромци традиционално ќе ја одржат маалската забава под отворено небо „Грин гето“, со диџеј, озвучување, осветлување и добра музика.

Традиционалната забава, која се одржува секоја прва сабота во јули, ги обединува сите генерации од зелените згради во населбата „Јане Сандански“.

„Грингетовци“ упатија отворена покана до граѓаните заедно да го прослават нивниот 21. роденден.

Треба да знаете
Последни објави