Search

Традиционален поетски конкурс „Маџирмаалски поетски бранувања“

Извршниот одбор на „Маџирмаалски средби“ и Комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ распишуваат конкурс за избор на најдобра потска творба во рамките на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2020 година.

Критериуми за учество:

– право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на нашата држава;
– секој автор може да учествува најмногу со две свои необјавени поетски творби напишани на македонски јазик, од кои само една може да биде наградена;
– членовите на Комисијата за реализација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ немаат право на учество на конкурсот за време на мандатот;
– песните што ќе бидат испратени на конкурсот треба тематски да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, на навиките и на традициите и во нив да е присутен мотив поврзан со Маџир Маало;
– поетските творби треба да се во духот на соживотот и на верската и националната толеранција. Доколку некој од учесниците пријави поетска творба со која се предизвикува верска или национална омраза, Комисијата што ќе ги разгледува, анализира и рангира песните има право да не дозволи учество на пријавениот учесник и неговата поетска творба;
– учесниците на конкурсот треба да ги достават поетските творби анонимно, под шифра, заедно со друг коверт на кој од надворешната страна треба да ја напишат шифрата, а внатре во ковертот на посебен лист да ги наведат името и презимето, насловот на песната и податоците за контакт (адреса и телефон);
– поетските творби може да се испраќаат до 23 декември 2020 година, по пошта на следнава адреса:
„Маџирмаалски средби“
(за Конкурсот на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“)
ул. „Маџирмаало“ бр. 28
1000 Скопје
– автори се обврзуваат песните што ќе ги испратат на Конкурсот да ги отстапат на организаторот за објавување во публикација на манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“.

Комисијата од сите пристигнати поетски творби ќе избере една која ќе биде прогласена за најдобра поетска творба на Манифестацијата и на авторот ќе му биде доделена главната награда на „Маџирмаалски поетски бранувања“ за 2020 година во висина од 500 евра во денарска противредност.

Покрај првонаградената поетска творба ќе бидат селектирани уште две поетски творби за кои на авторите ќе им бидат доделени пригодни награди.

Завршниот настан ќе се одржи во согласност со протоколите и безбедносните мерки предвидени во постоечката епидемиолошка ситуација.

Треба да знаете
Последни објави