Search

Трагична љубовна приказна го расплака светот: Кога дознала дека момчето и загинало донела тажна одлука…

Трагична љубовна приказна го расплака светот: Кога дознала дека момчето и загинало донела тажна одлука…

Илјадници фунти се собрани за да им се помогне на семејствата на британската двојка која почина од период од неколку часа во Австралија.

Поранешниот рагбист Џејсон Френсис (29) го удрил автомобил близу куќата во која живеел со партнерката Елис Робинсон во кватот Скарборо во Перт, пренесе Би Би Си.

Робинсон, која била скршена од смртта на партнерот, подоцна е пронајдена мртва.

Во хуманитарната акција се собрани над 29.000 австралиски долари.

Френсис во саботата навечер излегол со пријателите од локалниот рагби клуб и потоа зел такси до дома.

Полицијата соопшти дека го удрил „фолксваген џета“ со кој управувало 18-годишно момче. Околностите за смртта на неговата девојка се уште се истражуваат, велат во полиција.

Сем Дајмонд, претседателот на рагби клубот кон кој Френсис се приклучил кога на почетокот на годината се преселил во Австралија, рекол дека се работи за „двајца најдобри луѓе што можел да ги запознае“.

Од Френсис со трогателни пораки се простија играчите истакнувајќи дека тој совршено се вклопил во новата средина, и дека им била чест да играат со него.

Треба да знаете
Последни објави