Search

Трагедија на Африканскиот куп: Најмалку седум загинати во стампедо пред натпреварот Камерун- Комори

Во пресрет на натпреварот меѓу Камерун и Комори  се случи трагедија во која загинаа голем број навивачи. Имено, пред споменатиот натпревар во главниот град на Камерун пред стадионот „Олембе“ се случи стампедо во кое животот го загубија најмалку седум лица, јавуваат странските медиуми.

Сликите кои се шират на интернет покажуваат луѓе кои се обидуваат да им помогнат на настраданите, а многумина дополнително се повредени во стампедото и куцаат и ползат на колена.

За жал, дел од нив не успеаја да се извлечат од невидениот инцидент, а меѓу повредените има и деца.

Видеото кое доаѓа од местото на несреќата покажува дека до трагедијата дошло откако 50.000 луѓе се обиделе да минат низ портите на стадионот кој има капацитет од приближно 60.000 гледачи, но во продажба биле пуштени 80 отсто од капацитетот.

Кога станува збор за самиот натпревар, домаќинот на Африканскиот куп на нации, Камерун, се пласираше во четвртфиналето на континенталното првенство, откако во дуелот од осминафиналето ги совлада Комори со 2-1.
Камерун во четвртфиналето ќе игра против Гамбија која со 1-0 ја победи Гвинеја.
Треба да знаете
Последни објави