Search

Трагедија: Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа во Калифорнија

Легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Оваа трагична вест предмалку ја објави весникот „ЛА Тајмс“, тврдејќи дека тој бил еден од петмината кои го загубиле животот во пад на хеликоптер во Кабесас.

Според информациите на „ТМЗ“, неговата сопруга Ванеса Брајант и неговите четири ќерки не биле во хеликоптерот.

Коби Брајант патува со хеликоптер изминатите неколку години, уште од периодот кога настапуваше за ЛА Лејкерс. Негова редовна рута беше патувањето од Њупорт Бич до „Стејплс Центар“ со неговиот приватен хеликоптер „Sikorsky S-76“.

Треба да знаете
Последни објави