Search

Трагедија го потресе Балканот: Полицајка во Косово си го убила семејството па се самоубила

Полициска службеничка во Гњилане убила четворица членови од нејзиното семејство, па извршила самоубиство, пренесуваат косовските медиуми.

Се претпоставува дека полицајката В.Б. ги убила двајцата родители и двајцата браќа, а потоа се самоубила, покажуваат првичните информации.

На лице место стигнала полицијата, обвинител и медицински тим кои веднаш констатирале смрт кај сите, а потоа телата на наредба на обвинител се испратени на обдукција на Институтот за судска медицина во Приштина.

Случајот се истражува.

Треба да знаете
Последни објави