Search

Трагедија во Сараево: Четири жени загинаа во сообраќајка, се враќале од погреб на колешка

Четири жени вработени во училиште во Сараево загинале кога автомобилот во кој се возеле паднал во бездна длабока 200 метри. Несреќата се случила попладнево, а потрагата по возилото траела неколку часа поради лошиот терен. Спасувачките служби го извлекле автомобилот од коритото на реката Милјацка, како и телата на жените.

Едната била педагог, другата наставничка, третата хигиеничарка и четвртата поранешна директорка на ОУ”Ковачиќи”. Тие се враќале од погреб на колешка на Пале.

Причините за несреќата не се познати.

Треба да знаете
Последни објави