Search

Трагедија во Куманово: Загина девојче од Хрватска, ѝ паднала статива врз глава

На 14.08.2019 година во 17,15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Куманово била донесена 13 годишна малолетничка од Р.Хрватска, со привремен престој во Република Северна Македонија, со повреди на главата.

Истите ги добила при пад на статива на ракометно игралиште на улицата „Народна револуција“. Од здобиените повреди девојчето починало.  По наредба на  јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави