Search

Тошиќ се огласи по инцидентот со Карлеуша: Ќе ги игнорирам лагите и ќе чекам да помине ветерот против мене

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ и сопруг на српската фолк ѕвезда Јелена Карлеуша вечерва на Инстаграм прв пат се огласи по обвинувањата дека ја плукнал Јелена, а потоа ѝ удрил толку силна шлаканица што и го отекло лицето. Неговите адвокати и по инцидентот рекоа дека тој негирал дека ја удрил, но судот, сепак, му забрани да ѝ се приближува на сопругата 30 дена.

– Почитувани следбеници, пријатели и припадници на медиумите. Обично не сакам да се обраќам по овој повод бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што го објавуваат повеќето медиуми и затоа сум принуден да се обратам на овој начин.

Како што можете да видите, секаде сум прикажан како насилник и во секој наслов сум негативна страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаете дека овој пат ќе останам доследен на себе, ќе ги игнорирам лагите и ќе чекам  да помине ветерот против мене, напиша Тошиќ.

Тој на крајот порача дека би требало енергијата и мислите да ги насочат кон Новак Ѓоковиќ и со цело срце да застанат покрај него.

 

Треба да знаете
Последни објави