Search

Тошевски: Тикварници и лицемерни бакнежи на трибината на СДСМ во Битола

Интегрален текст од изјавата на Иванчо Тошевски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

“Никој не им се плаши на Вашите закани и не верува во тикварници и лицемерни бакнежи. Господине Зоран Заев имаш уште 16 работни дена, Наташа Петровска и ти во овој рок можеш да размислиш да им ја направиш единствената услуга на битолчани. Одете си и без илузии дека нема да платите за сите злодела!”

Заев со бакнеж на македонското знаме, знамето на државата што ја продаде и обезличи, а Наташа со стариот памет ќе им послужи тикварник на битолчани. Никако да куртулиме од циркузите на едниот и од параболите на неостварената мислителка (поетеса) чија збунетост се повеќе е очигледна и сите не остава неми и во неверување.

Ова се поентите од денешната трибина на СДСМ во Битола, ова е очајот, но и дрскоста на СДСМ, Зоран Заев и Наташа Петровска. Бесрамно, безидејно и голо паролашки пак им се нудат на битолчани.

Без око да им трепне ништо не зборуваат за тоа што Битола ја направија мала неразвиена касаба, без инвестиции и вработувања за младите, а се вработуваат само нивните роднини и по некој партиец сега пред избори.

Пет пати во три години ветуваат промена на филтрите во РЕК, ветуваат гасификација, а ете и признаа дека три години буквално го кочеа проектот топлификација, ветуваа чист воздух, достапна општина за сите.

Наместо тоа, Битола де факто нема градоначалник и се е оставено на стихијата и во Битола ја видовме нивната сплотеност во криминалот, нивниот најсилен инструмент орудието за неправда Катица Јанева е најголемиот и највалканиот криминалец и рекетар, ама Заев и денес со стариот речник на закани и безобразие за затвор и драконски казни, нормално преку судиите кои директно ги командува, а со останатите и од Битола најави, уште од денес почнува да се пресметува.

Почитувани граѓани, се согласуваме дека веќе никој и не им обрнува внимание на нивните ветувања, нивните празни зборови и циркуски настапи. Се поочигледна е само нивната дрскост да продолжат во својот паралелен универзум да се потпираат на сопствената ароганција која се граничи со неразумност дека тие се најдобри и избрани да владеат.

И во циркузот што веќе е само нивна приватна забава, ама да не заборавиме, на огромна штета на битолчани и сите граѓани на Македонија се “усовршуваат” во улогата на дворски шутови. Ете денес и Заев и Наташа беа одлични и еднакви во тоа.

Останува само, одовде уште еднаш да им кажеме дека нашата заедничка порака со граѓаните е Зоран Заев со заминувањето на 3 јануари да ја земе и Наташа Петровска со себе, тоа им го должи на битолчани.

И уште, никој не им се плаши на Вашите закани и не верува во тикварници и лицемерни бакнежи. Господине Зоран Заев имаш уште 16 работни дена, Наташа Петровска и ти во овој рок можеш да размислиш да им ја направиш единствената услуга на битолчани. Одете си и без илузии дека нема да платите за сите злодела што ги направивте!“

Треба да знаете
Последни објави