Search

Тотенхем со 17 милиони фунти го „влече“ Елмас кон Лондон!?

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас (19) во изминатиот период беше на листата со желби на голем број фудбалски гиганти во Европа. Долго се шпекулираше дека „е завршена работата и Елмас се сели во Интер, Атлетико Мадрид, Севилја и Борусија Дортмунд“.

Најновата вест што доаѓа од Турција е дека премиерлигашот Тотенхем испратил понуда од 17 милиони фунти до турски Фенербахче за услугите на Македонецот. Веста е и дека Винсент Јансен, кој не е во плановите на Покетино, а кој пред две сезони беше на позајмица во Фенер, е дел од најавениот трансфер-пакет за Елмас во Лондон.

Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем го контактирал раководството на клубот кој неодамна излезе со вест дека Елмас нема да го напушти Истанбул за сума помала од 20 милиони евра.

Елиф Елмас сезонава одигра 40 меча за Фенербахче во сите натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави